2win800x200

Изложен грамофонот на Манаки, го добил со собирање сликички од албум на чоколади ,,Нестле"

Јули 25, 2021

 

Еден од раритетните предмети од збирката на браќата Манаки зачуван во Државниот архив во Битола, грамофонот кој првите сниматели на Балканот го користеле кога оделе на пикник, деновиве беше изложен во рамките на Локум фест во Битола. Стар е безмалку еден век, поточно 93 години, а вработените од Архивот успеаја да ја дознаат приказната за тоа како Милтон го добил овој акустичен грамофон, кој не се повзрува на електрична енергија, туку се ракува рачно.

„Успеавме да стигнеме до интересна приказна околу грамофонот. Тоа е дека бил добиен на наградна игра со собирање на сликички од чоколада ‘Нестле’. Се пополнувал албум кој потоа се испраќал до ‘Нестле’ и една од наградите била грамофон. Тоа е потврдено со една од рекламите објавени во дневниот весник ‘Политика’. Грамофонот е добиен во 1928 година, произведен е од швајцарската фирма ‘Торенс’ за фирмата ‘Нестле’, на него пишува ‘offert par Nestle’, значи ‘Нестле’ се јавува како дистрибутер. Се работи за грамофон во мали димензиуи, го користеле како пикник грамофон. Звукот не е многу јак, туку повеќе за акустика“, вели Димитар Ѓоргиевски, помлад соработник во средување и обработка во Архивот во Битола.

Обвјавен дури и допис од 16 август 1928 година од „Нестле“ до господинот Манаки , сопственик на кино во Битола. Во писмото пишува дека му го пратиле грамофонот, а тој уште не го добил  поради што поднеле тужна на управникот на  Белградската пошта со барање да се пронајде грамофонот и виновниците. Очигледно музичкиот премет бил пронајде и завршил во рацете на Манакиеви.

 Грамофонот на Милтон беше дел од изложбата на фотографии и премети  од конзулскиот период на Битола изложени на годинешното 15 издание на Локум фест, фестивал кој ја негува конзулската традиција со локум и кафе да се пречека комшијата, патникот, добронамерникот и е синоним за отвореност, мултуикултурност, средба помеѓу културите. Всушност една од главните функции на Фестивалот е преку различните музички форми (традиционални и стилизирани, чалгија, fusion, world music) да се покаже сиот амалгам и раскош на култури, етноси и обележја на конзулска Битола. Локум фест прославува 15 години, а Државниот архив 70 под мотото „Чувар на минатото, светилник на иднината“.

„Дојдовме на идеја со извршниот директор на Локум фест , Тоше Ивановски, еден мал дел од богатата ризница со документи и нешто предмети што ги имаме во депото да се презентираат. Станува збор за тематска изложба, во фокусот ни е фондот Браќа Манаки, односно фотографии од нив, грамофонот на Милтон, како и дел од фондот КУД ‘Стив Наумов’ поврзани со нивно гостување во Велика Британија. Од збирката грамофонски плочи изложени се дела на чалгиски оркестри. Изложените фотографии се од конзулскиот период, меѓу двете свети војни, фотографирани на култни места во Битола и во нив доминира боемскиот дух на тогашните битолачнаи. Се гледаат  хотелите ‘ Ројал’,  ‘Босна’, градски кафани, Широк Сокак, старата чаршија и една весела и распеана Битола“, рече директорот на Државниот архив  од Битола, Гоце Стојановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани