„Пазари“ Битола - прво зелено претпријатие

Јули 29, 2021
Јавното претпријатие „Пазари“ Битола е првото јавно претпријатите во државата кое инсталираше фотоволтаичен систем со кој започна да произведува електрична енергија за сопствени потреби, а вишокот на енергија кој се произведува да го продава на слободниот пазар. Со почитување на сите законски прописи, успеа цената на електричната енергија да ја намали до 70 %.
Вкупната инвестиција од 1.200.000 денари, која беше обезбедена од сопствени средства, со оглед на цените за продажба и купување на електричната енергија, ќе биди вратена за 4-5 години, а во наредните 15 години, производството ќе биде само во корист на „Пазари“.
 
Придобивките кон заштитата на животната средина и користењето на обновливи извори на енергија е дополнителна добивка од оваа инвестиција.
Реновирањето на фасадата на управната зграда, со средства од 2.500.000 денари, и повторно со сопствени средства, овозможи огромна заштеда на енергија за затоплување и ладење на зградата. Управната зграда е градена во 1952 година и од тогаш никогаш не била реновирана а целокупната дограма беше од тој период. На зградата е поставена нова енергетско-ефикасна фасада, променета е целокупната дограма, а во внатрешноста на зградата е променет целиот систем на греење, така да истата сега се грее на печки на пелети, а променето е и осветлувањето за што се потрошени дополнителни 800.000 денари.
Променето е и целокупното осветлување низ целиот пазар, исто така, сопствен средтства, и низ пазарот веќе навечер не е опасно да поминете.
 
Во градскиот пазар се привршува и најголемата инвестиција во последните дваесетина година, од 15.000.000 денари, со која се реновира делот каде што се продава бижутеријата и јужното овошје. Тој дел на пазарот добива сосема нов лик, извонредна вклопеност во целокупниот староградски амбиент, пропратен со неколку ,,мали„ ама преубави елементи, кои ја дополнуваат целокупната слика.
Овој дел ќе добие и нови тезги, покриен простор, кафетерија, клупи за одмор и мала фонтана, со што новиот лик на пазарот, надополнет со автентичната средишна улица наредена со коцка, веќе плени со својата убавина
„Пазари“ започна и една акција, заедно со своите коминтенти, за реновирање на постоечките објекти кои се сопственост на Пазари, а ги користат различни коминтенти. По завршувањето на оваа операција, „Пазари“ ќе добие објекти за кои во наредните 20 години , нема да имаат потреба за реновирање.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани