Лазар Николоски 105, битолска радио легенда Маратонецот веќе не ги бомбардира битолчани со музички желби

Јули 29, 2021

Битолчанецот кој некогаш го водеше прочуениот „Маратон без сон“ со што влезе во Гинис како водител кон најдолго водел радио емисија без спиење, до последно, до 68 годишна возраст седеше зад пултот на „Радио 105“. Лазар Николоски почина ненадејно вчера, а зад оваа битолска радио легенда остануваат бројните целовечерни контактни и музички емисии. Низ другите радио станици веќе одамна изумреа музичките желботеки, но Лазе преку неговото радио на своите сограѓани до последно им ги исполнуваше музичките желби.„ 105-ка“ преку својата фолк музичка програма дваесети и девет години е неодминлив дел од семејни слави, родендени, свадби и други прослави.

-Некои не викаат џубокс на градот, градски свирачи или бомбардери со музика. Низ годините сме добиле милиони телефонски повици со музички желби. Ќе се јавеа „Ало, Лаки, собрани сме друштво пушти ни ја таа и таа песна“. Најбарани беа кафанските песни или што би се рекло за сечење вени. Битолчани правеа свадби и преку радио честитаа со песна , некои не сакаат пак да им ги кажувате имињата ќе закупат аудио простор и им пуштаме музика за кејф- раскажуваше Лазе.

Музички и контактни емисии водел цели ноќи, па бил истрениран кога се одлучил во 1995 година да го направи таканаречениот „Маратон без сон“. За тогаш кажуваше дека 22 дена во живо водел програма без спиење, рекорд кој до сега не е оборен од друг радио водител.

-Ме налутија некои водители во Скопје кои на телевизија иронично рекоа „седел на програма 24 часа и бил за Гинис“. Јас се налутив и реков сега ќе им кажам. Разбрав што се треба за во Гинис, собрав екипа од доктори и започнав да водам програма дење-ноќе без да заспијам. За да останам буден нозете во вода во мраз ми ги ставаа, ме масираа. Водев програма 528 часа. На крај ми пукна чирот, омалаксав, ме однесоа на болница и прекина маратонот- раскажуваше водителот.

Сепак, рече дека влегол во Гинис и ги претркал Лари Нортон кој воден програма без сон 18 дена и некој Кинез кој издржал 15 дена , но потоа починал. Токму уникатните идеи на Николоски со години создаваа слушатели на „Радио 105“. Освен музичата емисија, препознатлив белег на оваа радио станица низ годините беа и шегите на Лазе на кои се смееше целиот град.

-Правев необични шеги. Имав прв сосед со кој често се мајтапевме. Едно утро на радио реков „среќен пат на Јове за Канада му посакаува семеството“. По ова неговите блиски на работа ги прашувале кога заминува за странство, а тие немале абер. Друг биточланец низ град велеше дека сум умрел, па јас на радио кажав дека тој ги кани сите пријатели и роднини дома на вечера зашто му паднало бинго – се присетуваше Лазе.

Радиото со сите досетки, шеги и доживувања бешенеговиот живот. Иако замина во пезнија, сепак дури го дежеа нозете и гласот го држеше и радиото.лазе2

Стоте марки ме инспирираа да отворам радио

Главниот виновник што отворил радио, Лазе велеше дека биле стоте марки што ги добил за реклама.

-Во 1991 година почнав да работам како водител во радиото „Канал 94“ во Битола. Но, поради некои причини заминав од таму. Тогаш веќе имав земено пари за реклама од газда на фирма во градот, 100 марки. Човекот ми даде пари, а јас немав каде да го рекламирам. Си помислив „Лазе да си отвориш ти радио, најдобро ќе направиш“. И така бидна.

Започна со „Наташа од трето три“.

Започна со детски песнии и емисии. Првата емисија на „105“ го носеше името „Наташа од трето три“ по детскиот популарен хит.

-Правев многу детски забави во радиото, а потоа и забави во ресторани, свиреа детски групи, младински групи. Радиото банка ќар немаше од тоа, се што ќе земев од радиото вложував во децата. Во Оштешево организирав детска забава за 950 деца без родители или од семејства со самохрани родители. Преспа толакава забава немаше видено, се се потроши, па дури од Ресен носеа скови за растворање за да им дадат да се напијат.  

Ж.Здравковска (Дневник 4.04.2016)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани