2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Драганчо Саботковски за Могила и Стевче Стевановски за Новаци- кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници

Август 16, 2021

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на локалните избори ќе настапи со кандидатите Драганчо Саботковски за градоначалник на Могила и Стевче Стевановски за Новаци.

На прес конференцијата беше кажано дека Драганчо Саботковски е млад, семеен човек, татко на едно дете , кој 32 години ги минува во Општина Могила. Потекнува од земјоделско семејство и учествува активно во земјоделските обврски и ја знае маката на земјоделците во Пелагонискиот Регион. Расботи како агент за продажба на одигурување.

Стевче Стевановски беше претставен како дипломиран земјоделски инженер агроном, магистрант на Институтот за тутун во Прилеп. Работи покрај земјоделието и како советник за локална инфрастуктура, сообраќај и заштита на животната средина во Одделението за локален економски развој во општина Новаци.

Тие силите ќе ги одмерат со противкандидатите од СДСМ , актуелните градоналаници Љубе Кузманоски за Новаци и Јасмина Гулевска за Мигила, за кои СДСМ соопшти дека ќе бидат нивни кандидати за први луѓе на овие две пелагониски општини.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани