АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски од вчера е во посета на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола. Иако денеска на неговата агенда не беше средба со медумите и немаше најава за посетата, туку само прошетка низ Широк Сокак и Старата чаршија, сепак ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола на Фејсбук се пофали дека лидерот Мицкоски јадел слатки од најстарата слаткарница „Ат Пазар“ во градот позната по слатките кај „Асан“ која има над 100 години традиција. Неодоливите еклери и баклави кај „Асан“ направени од вештите раце на сопственикот Садат Јашаров не го оставија рамнодушен ни Мицкоски. Засладен, лидерот деновиве ќе мора да одлучи кој ќе биде кандидат за градоначалник на Битола од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Дали строго партиски човек за кој претендира членството или пак надпартска личност.
А.Б