2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Отворено новото кино "Манаки" на 100 годишнината од првата кино проекција на браќата

Август 27, 2021

 

Со проекцијата на документарнот филм ,,Манаки - приказна во слики“, на Роберт Јанкулоски, синоќа во салата на Кино Манаки беше одбележана 100 годишнината од
првата кино проекција на браќата Манаки, одржана во летна кино бавча.

FB IMG 1630053659065

Градоначалничката Наташа Петровска истакна дека овој значаен датум за градот Битола се одбележува скромно поради ковид мерките и актуелните околности 

FB IMG 1630053665005

„Настанот го одбележуваме искрено, со длабока љубов. Означуваме почеток на нешто во кое ќе имаме можност за нови проекции кои што ќе зборуваат за низа моменти што се случувале во изминатите 100 години во кои дишел овој град, ќе зборуваме и за сегашниот момент и за оние кои што следуваат, затоа што Битола отсекогаш била и засекогаш ќе биде лулка на културата, град во кој што се случуваат низа културни настани, а дел од нив ќе бидат и во ова катче кое што го направивме.
Како локална самоупрата вложивме 300.000 евра за да имаме технички современо опремен и адаптиран простор, кој ќе ги следи современите текови и ќе биде можност да се гледаат сведоштвата на она што се случува во нашиот град. Она што како градоначалник го посакувам е што побргу да заврши глобалната пандемија, за да катадневно се случуваат културни настани, кои  што заедно со новата културна институција, но и со останатите културни институции во градот, ќе овозможат културно да живееме и опстојуваме во следниот период“, истакна градоначалничката Наташа Петровска непосредно пред проекцијата на филмот ,,Манаки - приказна во слики“.

FB IMG 1630053670165

Директорката на КИЦ Битола Сандра Котевска, осврнувајќи се на делата на браќата Јанаки и Милтон Манаки, истакна дека по првата кино проекција, две години подоцна, браќата ја изградиле првата наменска кино сала, која, за жал, постоела до 1939 година кога е уништена од пожар 

FB IMG 1630053656309



„Денес, во нивна чест со цел да се зачува од заборав нивното име и дела, исклучително значајни за градот Битола, но и за целиот Балкан,   ја одбележуваме таа прва проекција од која поминал точно еден век. Благодарение на градоначалничката Наташа Петровска, Општина Битола преку проектот „Кино култура“ финансиран преку ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција  и Република Северна Македонија, оваа реконструирана кино сала  ја ревитализираа и целосно ја опремија со најсовремени техничко технолошки перформанси од највисоко ниво. Со ова градот Битола, доби уште еден културен објект кој претставува  симбол за непроценливата важност за воспоставување, одржување и афирмација  на културниот континуитет од минатото до денес-како најфундаментална инвестиција за иднината“, рече директоркат ана КИЦ Сандра Котевска.

FB IMG 1630053661724

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани