АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Над 1000 учецници од 11 земји, на возраст од четири до 77 години денес учествуваа на најголемиот спортски настан што се одржа во Битола, третото традиционално издание на „Трчај бе“. Оваа трка за толку крата историја од само три години, доби меѓународно значење. Битола беше домаќин на Балканско првенство во полумаратон, па врвни атлетичари од повеќе земји и домашни спортисти трчаа на пaтка долга 21км. Двајца од македонските учесници поствија и нови рекорди, и тоа Дарио Ивановски за две секунди го подобри македонскиот рекорд во полумаратон, а од женските учеснички Андријана Попарсова.
Покрај во полумаратон, учесниците трчаа и на пет и десет километри, а во градот беше воведен посебен сообраќаен режим поради трката. Учествуваа атлетичари и вљубеници во трачањето од земјава, Романија, Бугарија, Србија, Словенија и други држави.Неколку стотици битолчани и жители на други градови во Македонија се приклучија на учичната трка. Трчаа заедно друи и цели семејства. Дири и битолчани кои жовеат и работат во странство, се случва да се вратат во пшериодот кога се одржаува трката за да земат учество.
„Ова беше најголемата бројна на учесници досега, а можеме да кажеме дека ако не беше пандемијата и протоколите сигурно ќе имавме уште неколку илјади повеќе. На 20 места на патеката имавме поставено фан точки, оф програма во која учество зедоа бројни артисти од диџеи, бендови, тапанари, филклорни друштва, имаше над 50 изведувачи и беше навистина интересно да се трча. Најдобрите добија медали, а во парични и стокови награди за учесниците се вложија околу 5000 евра“, рекоа организаторите.
Преглед на резултатите: