2win800x200

Режисерот Мартин Кочовски направи автобиографска претстава од легендарниот роман „И коњите ги убиваат, зар не?“-премиерно на Битолскиот театар

Септември 29, 2021

Мартин Кочовски, еден од најуспешните македонски театарски режисери од помладата генерација стои зад режијата на новата премиера на Битолскиот театар „И коњите ги убиваат, зар не?“ , која премиерно ќе биде изведена утре на битолската сцена. Претставата е работена според делото на Хорас Мекој, но Кочовски вели дека има автобиографски елементи во најголем дел од театарскиот проект.

-Оваа претстава за мене е исклучително важна зашто во голем дел е автобиографска. Она што е интересно е врската меѓу драмскиот текст и мојот личен живот. Оваа претстава се направи во Битола и е сработена со луѓе кои јас ги познавам од детството. Зборуваме за работи кои се вистински, кои ни се случиле, сте ги набљудувале или сте ги доживеале. Гледајќи ја претставата имате чувство на блискост, толку локално, а истовремено светско, вели режисерот Кочовски. 

Нема достапен опис

Режисерот вели дека не случајно го одбрал Битолскиот театар за оваа претстава, не само поради неговите лични и емотивни симпатии како битолчанец, туку пред се заради високата професионалност на театарот.

-БНТ се уште е еден од врвните театри во регионот. Овој театар допрел и развил многу значајни теми. Тука има енергија која прави уникатна форма на театар нешто што не може да се види во друг театар во државата, рече Кочовски.

Оваа претстава лани во декември беше изведена онлајн и се емитуваше на „Ју Тјуб“ 

Дејството на самиот роман се случува во времето на големата депресија во САД и кризата предизвикана од неа, дејство кое и те како има допирни точки со севкупниот општествен амбиент во нашата држава, рече актерот Иван Јерчиќ, директор на БНТ.

-Ликовите во трката по подобар живот тргнуваат во натпреварот наречен танцување или натпревар на издржливост со цел да ја освојат главната награда. Всушност оваа претстава ја третира нашата генерација на луѓе родени од крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години на минатиот век и сегашната позиција во општеството кое во последните триесет години е де во депресија, де во летаргија. Апстиненција од тоа луѓето да ги земат работите во свои раце и да одлучуваат за својата судбина, рече Јерчиќ.

Главните улоги во овој театарски проект ги толкуваат Илина Чоревска и младиот Никола Стефановски на кого ова му  е прва и поголема претстава во која игра.

-Во оваа претстава има нешто наше генерациско лично, теми што не болат и кои што сакаме да ги раскажеме. Ова е трагично, а и ние сме една генерација која што носи еден вид на трагика во себе. Ние го претчавме својот живот во едно време невреме во кое секогаш имаше нешто што ќе ни држи на климави нозе, рече актерката Чоревска.

Нема достапен опис

Превод од англиски го направи Снежана Крајчевска Плушковска
Асистент на режија е Јован Ристовски.
Сценографија и дизајн на плакат: Филип Јовановски
Костимографија: Јулијана Бојкова Најман
Музика: Фолтин
Тон – дизајн: Александар Димовски
Светло- дизајн: Игор Мицевски, Горан Петровски
Фотограф: Александар Буневски
Играат :
Илина Чоревска, Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Анастазиа Христовска, Викторија Степановска- Јанкуловска, Филип Мирчевски, Марија Стефановска, Живко Борисов, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски.

Со оваа претстава БНТ ќе гостува на 4 октомври на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Оваа претстава е поканета да гостува и на ИТФ во Крагуевац но во снимена форма. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани