АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Народниот театар во Битола, синоќа започна 30-то издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“ Битола. Свеченото отворање беше заокружено со изведбтаа на операта “Палјачи“ од солистите и оркестарот на Македонската опера и балет.
Посебна благодарница за неодминливата заслуга за возобновувањето и враќањето на сјајот на Офицерскиот дом како светилиште на музиката и културата и беше доделена на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.
„Велат, сите науки гравитираат кон математиката. Сите уметности пак, гравитираат кон музиката. Можеби токму затоа кога зборовите не се доволни, звуците, музиката е таа која што ги надополнува. Нека овие денови музиката која што ќе ја слушаме, биде премостување помеѓу нашиот ум и нашите сетила, затоа што само така можеме да постанеме и да останеме човечни, токму со музиката. Нека ни е честито 30-тото издание на Интернационалниот фесстивал на класична музика Интерфест Битола и честитки до организаторите, особено до Милица Шперовиќ Рибарски, кои сите изминати 30 години се вложија за ние како битолчани, да се гордееме со овој фестивал“, рече градоначалничката Петровска, која го прогласи фестивалот за отворен.
Благодарница му беше доделена и на на Благој Стефановски-Баге, постхумно, за неговиот придонес во основањето и поддршката на фестивалот, а ја прими неговиот син Бојан.
Фестивалот е посветен и на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конески.
Организаторот Милица Шперовиќ – Рибарски, пред присутните говореше за најблескавите моменти од досегашните изданија на Фестивалот, неговите почетоци, како и за годинешната програма.