Webp.net gifmaker

Битола за мене е дом, семејство, живот, вели Христо Кондовски во интервју за Апла.мк

Октомври 10, 2021
Денот го започнувам- секогаш со добра и позитивна мисла, шолја кафе и прегратка од дечињата и сопругата.
  • Најголемата моја доблест е -чесниот пристап кон луѓето, доследноста кон работата, признавање на сопствените грешки, подготвеноста за сугестии и сопствен развој.
  • Навика што сакам да ја променам е -зависноста од се повеќе работа и постигнувања, што ме прави работохолик, но со надеж за мојот иден ангажман во нашата општина, опстојувањето на оваа моја навика веројатно ќе продолжи.
  • Највредното нешто во мојот живот е- семејството и работата..
  • Мое најголемо достигнување во поглед на работата е изградбата на мојата корпорација која заедно со партнерите ја издигнавме од мала претприемачка идеја во која денес работат стотици млади луѓе.христо бт
  • Во Битола најмногу ме нервира- иако „ме нервира“ е предимензиониран термин, сепак би рекол дека малку ме иритира тоа што не е доволно искористен потенцијалот на нашата Битола. Ве уверувам, со посветена работа Битола може да биде велеград.
  • Во Битола никогаш не би ги променил- нишките од кои извира нашиот космополитизам, битолската гордост и достоинството.
  • Мојата најважна животна лекција е – упорноста и трпението поткрепени со знаење и енергичност, прават чуда.
  • Битола за мене е дом, семејство, живот...
  • Политиката за мене е- можност да придонесам за Битола, за моите сограѓани, за сите нас заедно - вложувајќи ја цела моја енергија, знаење и стекнато искуство.243152175 117339577343296 6655913621285912792 n
  • Градоначалничката функција ќе ми даде моќ за- Функцијата ќе ми го даде институционалното право да дадам значаен придонес во заедницата, додека моќта и енергичноста ги гледам како алатка, заедно со целиот тим, да испорачаме ефикасна Општина во целосна функција на граѓаните.
  • Ако згрешам дури сум градоначалник - човечки е да се греши, доколку грешките се мали тие се добра основа да се променам кон подобро, доколку се крупни и стратешки, логичен чекор е оставка. Но, такви грешки никогаш не би си дозволил, затоа што влегувам во овој предизвик со единсствен мотив - да придонесам за подобар живот во Битола за сите граѓани.
  • heristo 2
  • Кога ми поставуваат незгодни прашања јас- давам одговори кои извираат од мене, без задршка. Одговорите на незгодните прашања се најдобар репер за нечија искреност и подобност.
  • Почитувам туѓо мислење- секогаш! Особено кога е поразлично и подобро од моето.
  • Парите за мене се- само ресурс кој треба мудро да се инвестира во подобро утре.
  • Кога работам под притисок јас- сум продуктивен и проактивен, всушност така работам и кога притисокот е мал, но секако дека тоа дава стимул плус кон ефикасност и побрза испорака на резултати.
  • Кога ќе се преработам јас- мојата обнова ја барам во спокојот со семејството и пријателите.
  • Лицемиерие за мене е- една од најлошите човечки особини која подразбира комуникација спротивна од тоа што се мисли и чувствува.
  • Лакомоста за мене претставува- грев кој не си го дозволувам.
  • Се опуштам така што- читам, спортувам, „кафесувам“ со моите другари и најважно од се уживам во спокојот на моето семејство.
  • Сподели

    Login to your account

    Username *
    Password *
    Remember Me
    © 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани