Webp.net gifmaker

Кондовски за вториот круг најави локално обединување на целиот коалициски потенцијал

Октомври 18, 2021

„Во вториот изборен круг кој е веќе извесен, ќе дадам се од себе, да ја максимизирам вашата поддршка уверувајќи ве дека токму тој избор е најдоброто за нашата Општина. Во следните две недели најавувам локално обединување на целиот коалициски потенцијал, кој во првиот круг беше разлеан на повеќе страни, како и поттик за излезност на сите кои од различни причини не излегоа на гласачките места.  Со позитивен пристап продолжувам и кон големиот број граѓани кои вчера го дадоа гласот на кандидатите кои не влегоа во вториот изборен круг. Од денес, во остатокот од кампањата пристапувам со уште поголема мотивација, желба и посветеност да допрам до секој од вас, до секој мој сограѓанин претставувајќи ја визијата за подобро утре! Ве уверувам ќе имаме голема заедничка победа која ќе ви припаѓа вам и на нашата Битола, изјави Христо Кондовски, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата ден по првиот изборен круг.

-Се кандидирав за градоначалник на нашата Битола од срце, со силен мотив и огромна желба да ја менуваме на подобро. Влегов во изборната трка како млад, нов човек во политиката, кој стекнатото знаење и искуство низ личните постигнувања во бизнисот е подготвен да ги стави на ваша услуга, заедно да ја обновиме и модернизираме нашата Битола!

Ви благодарам што за краткиот период во кој можевте да ме запознаете, ја препознавте мојата енергичност и ми дадовте поддршка во голема мера. Таа поддршка ми значи многу и силно ќе ја оправдам, рече Кондовски.

 Тој додаде дека Битола гласаше на фер, слободни и демократски избори кои впрочем беа олицетворение на изборна кампања што ја водеше заедно со граѓаните.  

„Им честитам на сите учесници на овие избори кои излегоа на мегдан пред граѓаните и со својата понуда привлекоа внимание и ја поттикнаа демократската изборна разноликост во нашата општина. Воедно, им честитам на новоизбраните членови на советот во општината, идните градители на Битола. Од сесрце ви благодарам за големата изразена поддршка до мене како кандидат за градоначалник и поддршката за нашите советници!

Изборните резултати даваат одлична основа за победа во вториот круг кој е веќе извесен и во кој најавувам повторно позитивна и прогресивна кампања’’, додаде Кондовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани