2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битола за мене е свето нешто, сакам повторно да и го вратам сјајот, вели во интервју за Апла.мк Зоран Лазаревски Паљо

Октомври 12, 2021

Денот го започнувам... со музика,  без музика не можам да го започнам денот и со  шампионски доручек затоа што сум шампион во три спорта. И после го проверувам списокот со обврски за тој ден. Правам  список со обврски веќе 30 години и одам да ги завршам ако остане време може  сокче со другарите, кафе не пијам. 

Најголема моја доблест е.. да ги правам луѓето среќни.  Затоа имам организирано безброј забави на кои јас како ДЏ  забавував илјадници луѓе и натпревари за боди билдинг и фитнес. Ги сослушвам нивните проблеми и што можам им  помагам. Имам фитнес клуб 26 години,  на многу им имам помогнато да го дотераат физичкиот изглед,  а со тоа и психичката форма. 
 
Навика шо сакам да ја променам е ...да сфатам дека не можам да стигнам секаде во еден саат и не можам еден куп обврски да ги завршам во еден ден, мора да ги распределам паметно,  тоа што можам денес да го завршам, другото утре, тоа мора да го променам.

Највредно нешто во мојот живот е... времето.  Ако го сакаш животот не го губи времето оти времето е живот. Мора да одделам време и за себе, а и за моите блиски да ги сослушам, да се посмеам со нив, оти времето не се враќа. Што имаш да кажеш кажи и што сакаш да слушнеш слушни од твоите блиски, оти еден ден ќе ги нема и нив и тебе.
 
paljo3

Мое најголемо достигнување е... шампион во три спорта, 26 години фитнес „Паљо“. Сум направил многу луѓе среќни, кога ќе им ја видиш благодарноста во очите тоа со пари не се купва. Го свртив  светот. Не подлегнав на пороците и ако сум од мал без родители . И Господ никогаш не ме напушта ...Фала ти Господе за се

Бо Битола најмногу ме нервира... што знам Битола каков град беше, а сега ја гледам Битола уништена од партиските градоначалници . 30 години  од како  се осамостои Македонија, бел ден не виде Битола од наши душмани, партиите,  пустош ја направија,  зато се кандитирав за независен кандидат за Градоначалник.

Во Битола никогаш не би го променил... eснафот битолски надалеку прочуен.  Да се испие кафе на Широк Сокак,  дотерани по последна мода и машки и женски и муабетче на разни теми. И да се направи  круг-два по Широк Сокак. За жал многу квалитетни луге се иселија од Битола заради партискиот пустош, ама сепак уште не има и не се предаваме

Моја најважна животна лекција е... kога останав сам. Од 14 години  без мајка,  а од 25 години  и без татко. Немав буквално ништо,  ни работа, ни пари.Брат ми беше женет,  останавме сами јас и сестра ми. Празен фрижидер,  струјата ни ја исклучија. Еден ден сфатив дека  мора да се изборам за мене, нема кој друг,  јас и Господ.  Со  челична воља и крвава пот стигнав кај што сум,  не богат,  ама не страдам за ништо, средна класа. Покрив над главата, најаден, сметките платени,  облечен. Фала ти Господе.
 
paljo4

Битола за мене е... свето нешто.  Потекнувам од една од најстарите градски фамилии.  Роден сум и живеам на Широк Сокак, во центарот. Можев да живеам кај сакав, ама секогаш се враќав. Носталгија по мојата Битола, по моите луѓе, моите  моите битолчани. Кога им  раскажувам на новите генерации како живевме во  Битола порано,  си мислат научно фантастичен филм  раскажувам. Битола ми е во срцето и душата, ме боли да ја гледам ваква на колена, а знам што беше порано.

Политиката за мене е... или јас ја замислувам како свет кој е составен од политичари кои  се одбрани од народот за народот. Ама за жал, и  ако се одбрани од народот, нашите политичари  се корумпирани, себични и воопшто не работат за интересите на народот кој ги одбра и им дава плата, Напротив, прават пустош и затоа народот масовно се иселува. Да даде  Господ политиката да биде како јас ја гледам, политичарите да работат за интересите на народот кој ги запосли и им  дава плата.

Градоначалничката функција ќе ми даде моќ... да ја направам Битола да биде повторно град и  да си го врати сјајот надалеку познат за Битола и граѓаните да можат да живеат во нормален град, не масовно да се иселуваат. Во мојата програма се имам детално опишано како Ботола ке биди повторно Битола.

Ако згрешам дури сум градончалник... а грешката е голема и   со неа се нанесе голема штета на Битола и граѓаните,  ќе си поднесам морална оставка .Ама не ми се верува да направам таква грешка .Тогаш ќе бидам како досегашните партиски градоначалници. Немаме простор за грешки,  Битола е уништена мора да ја оживеам, ни една секунда немам време за чекање.

Кога ми поставуват незгодни прашања... јас секогаш одговарам со вистината, ги признавам грешките, а никој не е совршен и грешката не е грешка ако не се повтори. Само ако некој искрено те критикува и ти укажва на грешка само тогаш можеш  да се надградиш и да станиш подобра личност и карактер.

Почитувам туѓо мислење... кога е реално и вистинито и од него можам да научам нешто и да се надградам.Секој совет е добредојден. После го анализирам и ако е добар за мене го прифаќам и го искористувам.

Парите за мене се... само средство за живот,  а не опсесија. Парите ти требаат само доволно за нормален живот. Средната класа се најсреќните луѓе, богатите се помалку среќни,  а сиромашните уште понесреќни Затоа само средна класа,  доволно за живот. Натрупаните пари на банка не се твој пари,  тие што ќе ги потрошиш на тебе се твои. 
 
paljo1

Кога работам под притисок ...сум најдобар,  најуспешен, најконцетриран  и имам најголема воља да ја завршам работата.  Лесни задачи без притисок ме прават млитав.  Бев шампион во три спорта тоа е доказ дека под притисок сум најдобар.

Кога ќе се преработам... се осеќам ммогу задоволно дека завршив голема работа. Обично сум и таков тип, премногу обврски сакам да завршам во еден ден, а кога  ќе ги завршам се осеќам преубаво.

Лицемерието за мене е... несфатливо и не можам да ги сфатам лицемерните луѓе не ми влегува во главата.  Гледам да не соработувам со такви луѓе и ги избегнувам 

Лакомоста за мене е... голем грев,  исто е опишан и во Библијата како голем грев.   Никогаш во ништо не сум бил лаком и нема да бидам. Ни ви јадење,  ни во пари , ни во материјални добра.  Со тоа  се осеќам многу  растоварен   и слободен

Се опуштам така што... слушам музика и гледам добар филм. Или се дружам со моите другари, разговараме за спорт и музика. Музиката, спортот  и филмот. за мене се прекрасни работи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани