Јавното пртетпријатие Водовод го санираше големиот дефект на водоводната мрежа во Могила, по што синоќа водоснабдувањето е нормализирано
-На 12.10.2021 (вторник) околу 08:00 часот, по дојавата во SCADA системот за зголемена потрошувачка на вода на цевководот кон Општина Могила, каде водоснабдувањето се врши преку цевковод со дијаметар Ф250, екипите на ЈКП Водовод Битола се упатија на терен и започнаа со откривање на дефектот. Поради лошите временски услови, постапката која треба да се запази при празнење и повторно полнење на цевководот, откривањето на дефектот и неговата санација траеше до 02:40 часот наредниот ден (среда-13.10.2021), по што следеше нормализирање во водоснабдувањето, информираат од Водовод.
Вчера на истата траса, околу 11 часот се случи уште еден дефект, така што повторно се работеше на санација на новиот дефект и истиот е одстранет синоќа околу 22,30 часот.
-При санацијата на дефектите несебична помош добивме и од екипите на ЈКП Пела Хигиена при Општина Могила, кон кои упатуваме голема благодарност. По однос на настанатата ситуација и прекинот на водоснабдувањето им се извинуваме на месното население на Општина Могила и веруваме во нивното разбирање за нашиот пристап и временските неприлики во кои се изведуваа сите активности, информираат од Водовод