АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Конститутувната седница на општинскиот Совет започна со пауза откако градоначалникот Тони Коњановски најави нови точки на дневен ред кои мора итно да се донесат. Тие се однесуваат на измени на буџетот и информација за работата на зимската служба кои мора да се донесат до 15 ноември. Советникот од СДСМ Менде Илиевски побара пауза од 15 минути за да ги добијат материјалите за дополнителните точки на дневен ред. Марица Тодоровска од ВМРО-ДПМНЕ како највозрасен советник ја води првата седница и дозволи пауза од 15 минути.
Коњановски во првото обраќање како градоначалник од говорницата рече дека е важно да се тргни политиката од локалната заедница и сите да работат за општ, а не за личен интерес.