Webp.net gifmaker

Габриела Илиевска од Поинаку е нов претседател на Советот на Општина Битола

Ноември 15, 2021

Со 18 гласови Габриела Илиевска од Поинаку е избрана за нов претседател на Советот на Општина Битола. Таа освои повеќе гласови од Менде Илиевски од СДСМ, кој беше нејзин противкандидат за претседателска функција во Советот.

-Битола испишува историја. За првпат во историјата на градот Советот на Општина Битола добива претседател кој доаѓа од граѓанска листа. Она што го постигнавме на избори денес го крунисавме. Тоа значи дека од сега во Советот ќе се работи само за интресите на битолчани  и нема да има поделби кој од која политичка партија е. Демократијата во Битола добива нова нота а Битола, почнува да живее поинаку, рече Илиевска во своето обраќање пред Советот

За Илиевска гласаа 13 советници од ВМРО ДПМНЕ, 3 од Поинаку и 2 од Левица.

 received 592479168627627

253748639 875099126539636 6456734687535739452 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани