2win800x200

ЈП „Водовод“ во соработка со фирмата „Џамбо Пет“ и Општината, донираа во неколку институции и загрозено социјално семејство

Април 27, 2018

Основното училиште „Александар Турунџев“ во Кукуречани, битолската болница, една градинка и едно социјално загрозено семејство од Битола, денеска добија четири телевизиски уреди како донација од ЈП „Водовод“-Битола и  приватната фирма за трговија и услуги „Џамбо  Пет“-Битола  во соработка со Општина Битола. Од Општината училиштето доби и географска релјефна карта на Република Македонија.

 

-Политика на локалната самоуправа треба да биде да се вложува во младите и во условите во кои тие се едуцираат. Денеска донираме телевизор во училиштето и географска карта, сакаме да ги подобриме условите и сакаме да покажеме дека ова е насоката по која што треба да се движиме во наредниот период. Оваа денешна иницијатива треба да биде импулс повеќе како треба да работи Општината меѓутоа и сите стопанственици во оплеменувањето на условите за нашите ученици, нови генерации, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Со оваа донација ја потврдуваме нашата одговоност и однос кон граѓаните и општеството воопшто, велат од ЈП „Водовод“-Битола.

-Јавното претпријатие „Водовод“, кое работи во интерес на граѓаните одвојува средства кои ги донира за граѓаните, помага и на поединци и здруженија. Денеска во соработка со приватната компанија „Џамбо Пет“ заедно донираме четири ТВ уреди  и одлучивме тоа да го направиме  заедно со Општина Битола, бидејќи таа ги знае најдобро барањата и потребите на граѓаните. Така се вклучивме заедно да ја поделиме оваа донација, рече Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“-Битола .

Донацијата  ја прими ве-де директорката на  ОУ „Александар Турунџев“ Бранка Лазаревска, потврдувајќи дека телевизорот и картата ќе бидат  во функција на воспитно-образовниот процес и нагледните средства во школото каде  учат 216 ученици, дел се во централното училиште, а дел во 6 подрачни училишта.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани