2win800x200

Две деца на 2 и 5 години тешко повредени во железничка несреќа кај Боримечка во Битола (фото)

Ноември 22, 2021
фото: Сообраќајни инженери фото: Сообраќајни инженери

Две деца на возраст од 2 и 5 години утрово се тешко повредени при судир на локомотива со автомобил на железнички премин во близина на училиштето „Коле Канински“ во Битола, на неколку стотини метри од битолската Железничката станица Двете деца се хоспиталзирани во Битолската болница, а за едното, кое е во потешка состојба,  се подготвува транспорт за Клиниките во Скопје. Нивната мајка која управувала со автомобил марка пежо во оваа железничка несреќа минала со лесни повреди и не е хоспиталзирана.

259751284 4337718446296153 8515729045991716553 n

 

-Двегодишно дете е хоспиталзирано во многу тешка сосотјба, со тешки телсни повреди и се наоѓа на интензивна нега, а се подготвува за транспорт на Универзитетска  клиника по детска хирургија во Скопје. Дете на 5 години има тешки телесни поврди, хоспитализирано е на Одделението за неурохирургија во Клиничка болница Битола и  за сега е во стабилна сосотјба. Нивната мајка е третирана амбулантски, до овој момент не е хоспиталзирана, информираат од Клиничка болница Битола

258836478 877371079647763 5615186273927535646 n

Од полицијата велат  дека несреќата кај нив е пријавена во 8 часот, кога работна машина која се движела по пругатата во насока кон Железничката станица во Битола удрила во возило. Од таму засега нема информации  како дошло до несреќата, но се се испитува дали возилото минало преку пругата додека рампата била спуштена  на железничкиот премин кај населбата Боримечак во Битола. Потоа автомобилот   бил  влечен  од локомотивата  неколку метри,а бетонскиот столб на кој е поставена едната  рампата е урнат

258809691 477295640343650 7177117929509484923 n

Во оваа железничка несреќа оштетена е едната рампа на преминот и  не работи, возилата минуваат и покрај тоа што спуштена е  другата рампа, а по пругата минува  воз.

1209707070

Овој премин денeска работи  само со една рампа, па возовите, локомотивите и други работни машини кои се движат по пругата,  запираат на преминот, вработените го регулираат сообраќајот, за да се избегнат вакви несреќи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани