2win800x200

Областа „Црн мост“ нема струја од 3 часот ноќеска, граѓаните револтирани велат измрзнаа

Ноември 27, 2021

Од кружниот тек кај Црн Мост па се до Девејани и куќите на ридот, цела област нема струја од 3 часот ноќеска. Граѓаните што живеат во овој дел бараат одговори од ЕВН, но засега не успеваат на контакт центарот да добијат информации зошто нема струја, бидејќи постојано се зафатени операторите. Велат дека на овие ниски температири измрзнаа со мали деца и старци дома.

-Од три часот сме без струја, а веќе е 11 часот. Отидовме директно во центарот на ЕВН за Битола во населба Боримечка, таму имаше само еден чоевк од обезбедувањето кој ни кажа дека нема никој од дежурните екипи на ЕВН и дека дежурствата ги давале од дома. И единсветна врска со ЕВН ни е преку кол центарот, а таму со часови никој не ни се јавува и се постојано зафатени линиите. Сите имаме електрични апарати, ни се одмрзнуваат фрижидерите и што е најважно сме без греење на овие температури. Што да кажат семејствата со мали деца и со болни и стари лица, каков е овој дефект, каде е настанат, зошто никој нема одговор до кога вака ќе седиме без струја, вели Ѓорги Ѓоргиевски жител на населбата Црн Мост.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани