2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со порака „никогаш да не се повтори“ во Битола одбележана 17 годишнината од масакрот кај Вејце

Април 28, 2018

Со порака никогаш да не сe повтори, најблиските, роднините, пријателите, колегите, здруженија на граѓани, претставници на Советот на општина Битола,  политички партии, денеска ја одбележаа 17 годишнината од масакрот кај Вејце, каде во конфликтот 2001 година во заседа  свирепо беа убиени  осуммина  припадници на безбедносните сили на Македонија, од  кои четворица битолчани-Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски. Присутните   се поклонија и  одадоа почит   на двата споменици во  Битола-во кругот на СВР Битола  и споменикот „Ангел“ кај градскиот часовник,  посветени  на  бранителите

braniteli r

-Тажен ден за Битола, тажен ден за сите нас кои учествуваме во конфликтот во 2001 година. Од тука, пред овој споменик им порачуваме на сите да не мислат повеќе со оружје во рака да ги решаваат проблемите,туку  само по мирен пат. Да има мир, соживот во оваа наша Македонија, рече Сашо Гилевски, бранител.

2 braniteli

Масакрот се случи откако конвојот на македонските бранители беше нападнат од заседа на патот меѓу селата Селце и Вејце на Попова Шапка, на 28 април 2001 година околу 17:45 часот.

braniteli v

braniteli5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани