2win800x200

Мицкоски заедно со Ставревски ќе го контролираат работењето на Коњановски како градоначалник на Битола

Декември 03, 2021

Мицкоски заедно со Ставревски ќе го контролираат работењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, тоа подрзбира и работењето на битолскиот градоначалник Тони Коњановски. 

Формирано е работно тело кое ќе ја следи реализацијата на проектите што беа ветени во кампањата за локалните избори и со него ќе раководи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со логистика на Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски.

„Во програмите ‘Гарантираме’ се опфатени точно 14 835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат 2 000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти пред градоначалниците дека овие проекти мора да имаат соодветен план и динамика за развој, при што работното тело ќе биде од помош при овозможувањето на совети и размена на знаења при нивното имплементирање.Во работното тело, кое ќе биде раководено од Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставревски и Оливер Шамбевски“, се наведува во објава на фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази задоволство од првичното започнување на крупни капитални проекти од градоначалниците, и воедно потенцираше дека е од исклучителна важност внимателно и доследно да се запазат ветувањата и да се овозможат промените ветени пред граѓаните со цел обезбедување на новата иднина во која граѓаните веруваат и дадоа поддршка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани