2win800x200

Борче Димитровски е новиот секретар на Општина Битола

Декември 04, 2021
Фото Адвокатско друштво ,,Димитровски" Фото Адвокатско друштво ,,Димитровски"

Битолскиот адвокат, поранешен директор на Центарот за култура и екс координатор на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Димитровски е новиот секретар на Општина Битола. 

Иако нема официјална објава за неговото назначување, во денешното соопштение на Општина Битола за посетата на битолската делегација на збратмениот град Епинал во Франција, Димитровски е посочен како секретар на Општината. 

Тој беше дел од тимот на сегашниот градоначалник Тони Коњановски на последните локални избори. До неговото неодамнешно преминување во општинската администација работеше како адвокат во Адвокатското друштво ,,Димитровски", а во периодот од 2010 до 2017 година прв човек на Центарот за култура во Битола кога установата се врати во кондиција и бележеше развој. 

Димитровски во Општина доаѓа на местото на досегашниот секретар Слободан Најдовски. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани