2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„СВ ИНВЕСТ“ И РЕК „БИТОЛА“ СО ДЕМАНТИ НА ОБВИНУВАЊАТА ОД МИЦКОСКИ

Мај 01, 2018

Фирмата „СВ Инвест“ бара јавно извинување од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашните обвинувања што ги изнесе на фесјбук дека наводно оваа фимра како подизведувач за превоз на јаглен во РЕК вози камиони од фимрата „ДГИ тотал инженеринг“, во сопственост на братот на премиерот Вице Заев. Од РЕК „Битола“ пак, исто така категорично ги отфрлија обвинувањата за наводен криминал, корупција и непотизам и најавија дека во иднина секој што ќе изнесе невистини, па макар тоа бил и Христијан Мицкоски, ќе заврши на суд. И фирмата и РЕК исто така ги повикаа надлежните инстуции да ја проверат вистината.

 

Со демант на обвинувањата на Мицкоски се огласи генералниот директор на РЕК „Битола“, Васко Ковачевски. Ова беше прва јавно дадена изјава од генерален директор на РЕК за новинари по повеќе години зашто последните директори на РЕК не практикуваа средби со новинарските екипи.

„Најодговорно тврдиме дека фирмите ‘СВ инвест’ и ‘Тотал Инженериг’ од Струмица нити некогаш работеле, нити во моментов работат како подизведувачи на ископ и транспорт на јаглен во РЕК. Има неколку начини со кои многу лесно тоа може да се протврди, а тоа се записниците за изведување на работите, извештајот за работа на Рудници, извештаите за влез и излез на лица, возила и опрема во комбинатот“, рече Ковачевски.31714854 379298609220178 1825058872541315072 n

Тој додаде дека со Мицкоски се согласуваат само во едно, а тоа е надлежните институции, а посебно Јавното обвинителство  треба и мора да ги проверат неговите јавно изнесени наводи и да ја утврдат вистината.

Ковачевски  додаде дека носител на јавната набавка за ископ на јаглен и јаловина во РЕК е Градежното претпријатие „Пелистер“ , кое има можност да ангажира подизведувачи, но за тоа мора навремено и прецизно да го извести комбинатот  и да добие согласност.

„Во иднина секој оној, а вклучително и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ што ќе изнесе конструирани невистини, лажни факти и дезинформации со кои ќе ја замајува јавноста, ЕЛЕМ и  РЕК  ќе побараме одговорност пред судските инстанци“, рече Коналчевски. Тој најави дека дека за многу скоро ЕЛЕМ и РЕК ќе излезат јавно со податоци за работењето на компанијата ЕЛЕМ кога ја раководеше Христијан Мицкоски.

Адвокатот Вања Атанасов на „СВ инвест“ , фирма која е со седиште во Битола, изјави дека никогаш со своја, нити со туѓа градежна механизација, немаат учествувано во работењето на РЕК. Објаснува дека таму по тендер се застапени само со работници, а во никој случај не со камиони. Како што рече, компанијата е градежна и раполага со механизација која ја набавува низ Македонија, но досега немале никаква врска со фирмата на братот на Заев.

„Фирмата нема работено ни како подизведувач со сопствена механизација, нити има добиено тендер за работа со механизација. Оттука се изнесени невистинити тврдења дека фирмата работела со механизација во РЕК која не е нивна. Бараме писмено и јавно извинување преку медиумите за изнесените лаги. Во спротивно ќе тужиме.

 Немаме никаква врска со фирмата ‘ДГИ Тотал инженеринг’. И ние бараме овластените лица да ја утврдат вистинската состојба. Со ваквите невистини се сакаше да се опструира работата на ‘СВ Инвест’ и да се наштети“, рече адвокатот Атанасов.31582170 379298645886841 1824905275920875520 n

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео обраќање преку Фејсбук вчера кажа дека има индиции и сомнежи за постоење криминал во кој е вмешан Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, во врска со превоз на јаглен за РЕК Битола. Тој обвини дека компанијата „СВ инвест‘, која е ангажирана како подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола, вози со камиони на компанијата „ДГИ тотал инженеринг“, во сопственост на Вице Заев и побара од Обвинителството да го истражи случајот

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани