АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пред претстојните новогодишни празници, наставничка Наташа Тодоровска од ООУ “Ѓорѓи Сугарев“ Битола, порачува, наместо децата да го поминуваат времето на телефон, да направат рачни изработки со што ќе се поттикне креативноста кај нив и ќе поминат време исполнето со позитивна енергија.
-Заменете им ги телефоните и таблетите на децата во домот со хартија и ножички. Овозможете им да прават изработки кои ќе ги јакнат нивните креативни вештини, порачува наставничката Наташа Тодоровска.
Да се негува креативна атмосфера и да се охрабруваат децата наместо на телефон и на таблет, да пробаат нешто ново особено треба да го практикуваат родителите. Најголем акцент треба да с стави на процесот на осмислување на новата идеја а не на оценување на истата.
За поттикнување на креативноста важни се љубовта, поддршката, вниманието и топлата атмосфера од семејството што ја создават родителите и другите возрасни, порачуваат педагозите.