2win800x200

Нов асфалт на улицата „Довлеџик“

Декември 21, 2021
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на асфалтирањето на улицата Довлеџик, на потегот од мостот на реката Курделес до поврзувањето со улицата Големо Езеро во должина од 165 метри.
Асфалтирањето продолжува и утре со нанесување на вториот асфалтен слој.
Во делот на реконструираниот пропуст на реката Курделес, асфалтирањето се очекува да биде завршено кон крајот на неделата, откако ќе биде постигната соодветната носивост на бетонската коловозна лента.
Улицата Довлеџик ќе се реконструира во вкупна должина од 470 метри.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани