2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ќе се акредитира лабораторијата за животна средина на Технички факултет

Декември 27, 2021

Лабораторијата за животна и работна средина која постои на Техничкиот факултет во Битола ќе се акредитира со пари обезбедени преку Министерството за образование. Акредитацијата на оваа лаборатија е еден од седумте проекти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –Битола од областа на научно-иустажувачката дејност кои ќе бидат финансиски поддржани од државата. Тоа се претежно проекти за опремување и акредитации на лаборатории.

Во лабораторијата на Технички факултет подогло време се вршат мерења и научни истражувања од областа на заштитата на животната и работната средина, меѓу нив ги мерат и параметритре за загадување на воздухот. Добивањето на акредитација ќе значи верификација на мерните методи кои ги користат дека се изведени по стандарди. Мерат бучава и загаден воздух, а професорите велат дека во Битола има различни загадувачи и не може да се каже кој е најголем.

„Во различни периоди различни загадувачи имаме, како во периодот на денот, така и во текот на годината. Ние мериме емисијата на цврсти честички ПМ 10, 2,5 и 1 и се утврди дека има големи разлики кога е грејна сезона и кога не е. Има многу големи разлики во кој дел од денот и во кој дел од градот мерите, дали е сообраќајница, резиденцијален дел, индустриски. Загадувачи имаме повеќе од сите обласи и не може да се каже кој е главен , варира тоа“, рече Владимир Мијаковски професот на Технички факултет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани