По 2 месеци интензивни градежни активности и набавка на специфична опрема согласно стандардите на СЗО, лабораторијата за молекуларна микробиологија во Центарот за јавно здравје, од денес започна со пробно тестирање за КОВИД-19.
Според протоколите, следната недела стручна Комисија назначена од Министерството за здравство ќе направи увид и проценка на исполнување на стандардите според СЗО. Со исполнување на стандардите ќе се добие дозвола за воведување на методата во рутинска работа. Со тоа ова ќе биде прва ваква лсбораторија надвор од Скопје
Со тоа, лабораторијата станува дел од Националната мрежа на лаборатории кои тестираат КОВИД-19 и споделуваат податоци со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Мој термин.
Во почетокот планираме да се изработуваат по 50 тестови дневно, капацитет кој сметаме дека ќе биде доволен да ги задоволи потребите на граѓаните од Битола и регионот.
Со ова Битола добива нова современа лабораторија каде граѓаните ќе можат да добијат квалитетна услуга, а резултатот да го добијат во најкраток можен временски период од тестирањето со SARS COV-2.
Апаратот од 30 илјади евра со кој се врши тестирањето е донација од "Кромберг и Шуберт", а пак за адаптација на просторот, битолската локална самоуправа издвои 10 илјади евра