2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Коњановски ја повика Јасмина Буневска од СДСМ заеднички да ги реализираат нејзините проекти од предизборието за велосипедски патеки

Декември 29, 2021

-Дали се обезбедени средства за изградба на велосипедски патеки, односно за вело инфраструктура во еден мандат? го праша градоначалникот Коњановски, Јасмина Буневска, советник и универзитетски професор, експерт за сообраќај, на седницата на општинскиот Совет, во делот посветен на советнички прашања

Тој ја повика заеднички да ги реализираат проектите за вело инфраструктура која таа ги промовираше во предизборието заедно со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски.

-Во однос на велосипедските патеки и „Битола вело град во еден мандат“ како што го дефиниравме во време на камапњата, е проект на кој гледаме посветено, но за истиот да се реализира потребна е поддршка од стручната јавност и тука Ве повикувам со Ваши колеги, Вас особено како експерт и советник, да помогнете и да ги реализираме обвие проекти, затоа што без стручната јавност тоа би останало само на хартија. Треба да ги земеме предвид барањата на оние кои ги користат велосипедите, како и на останатите граѓани и другите учесници во сообраќајот, секако Вие тоа најдобро го знаете. Да направиме нешто заеднички да откочиме уште одма онаму каде што можеме, со проектите кои ги имавте Вие и ги прикажавте во предизборието да направиме нешто заедно, и одговори градоначалникот Коњановски на светничката Буневска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани