АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со примена на здравствените мерки за заштита од пандемијата , денес во Здружението на пензионери во Битола, во неколку наврати се одржаа состаноци со членовите на Собранието, претседателите на месните ограноци .претседателите на комисиите. Претседателот на Собранието, Крсте Белевски, во кратки црти ги изнесе активностите за следната година, предвидени со програмата за работа. Тој рече дека ќе се води посебна грижа за здравјето на пензионерите, покачување на пензиите и ставање на позитивна листа на лекови кои пензионерите често ги користат. Доколку дозволат здравствените мерки во наредната година, рече Белевски, ќе се спроведат традиционалните манифестации, како екскурзии, песните и игрите и спортските натпревари како и повластеното користење на автобускиот превоз, запишување на огревни дрва и други активности за кои се заинтересирани пензионерите.
.
Пред присустните членови на месните ограноци програмата за активности во 2022 година и финандисискиот план за 2022 година ги образложи претседателката на Здружението на пензионери , Даница Петличкова. Дел предлозите на присутните ке бидат вклучени во програмата за идната година за која пензионерите посакаа да биде што подобра и да исчезне пандемијата поради која повеќе пензионери не ја преживеаја 2021 година.
година.