АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Алексеј е првото новороденче што на свет дојде во Новата 2022 година , родено во Клиничка болница Битола.
,Две минути по полноќ се роди првото бебе во Клиничка болница во Битола.Тоа е машко бебе Алексеј. Втоео дете на родителите. Мајката е породена по пририден пат. Бебето е здраво и живо, тешко 3 кг и 48 см долго. Нека им е со среќа радоста на родителите. До утрово беа родени упте 2 девојчиња или до утриво на први јануари три новороденчиња", рече директорката на Клиничка болница Билјана Гагачовска.
Градоначалникот Тони Коњановски ги посети родилките и бебињата. За првороденито Општината додели 10000 денари а за другите две по 6000 денари.
,Нека ни е среќна и бериќетна Новата година, а како што тргна така и ќе биде, машко е првото бебе, макар што јас никогаш не сум правел разлики. Честитки до родителите и на машкото и на двете девојчиња. Да си посакаме за младите пред се подобри услови за живот , за работа во Битола, да останат тука и да имаме што повеќе принови",рече Коњановски.