АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дури 34 планинари за Нова година се искачија на Анетана на Пелистер во рамки на настантот „Први на први“ и првото изгрејсонце во Новата 2022 година го дочекаа на врвот.
„Искачувањето започна по полноќ, ова беше прекрасна мирна ноќ иако целиот пат беше со снег. Успеавме до врвот да стигнеме за 4 часа и 40 минути, а горе не̍ дочека прекрасно изгрејсонце. Нема поубав начин да се почне Новата година отколку на Пелистер’’, рече Влатко Крбалески, кој пред 11 години ја започна оваа традиција.
Покрај него, дел од групата „Олимпус Монс“ се Иванчо Тошевски, Александар Димовски, Јасмин Биберовиќ и Ана Крбалеска, кои веќе неколку години со ред се искачуваат за Нова година на Пелистер. Полноќното искачување годинава беше во рамки на празничната програма „Зимска приказна“ во организација на Општина Битола.