Директорите Ковачевски и Матевски Новата Година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола

Јануари 01, 2022

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски Новата Година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола кои за новогодишната ноќ беа на дежурство. Ковачевски и Матевски им ја честитаа новата година и на работниците кои утрово се дежурни на своите работни места во комбинатот.

Ковачевски и Матевски им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава.

„Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија со менаџментот желбите за добро здравје во новата година и успех во работата. Повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола!„  пишува во соопштението  од ЕСМ

rek bitola 1

rek bitola 3

rek bitola 3

rek bitola 4

rek bitola 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани