АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со зголемување на бројките на новозаболени во Битола, се зголемува и притисокот на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола. каде вкупно има 32 пациенти во дневна болница и хоспитализирани. Само во текот на вчерашниот ден, во амбулантата на КОВИД центарот беа прегледани 110 пациенти, позитивни и суспектни на вирусот, информира за апла.мк директорката на Клиничка болница, Билјана Гагачовска.
-Се зголемува притисокот на амбулантата за ковид позитивни случаи како и во амбулантата за сомнителни случаеви во ковид центарот во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Само во текот на вчерашниот ден 63 ковид позитивни пациенти се јавиле на преглед и 47 пациенти во амбулантата за сомнителни случаи побарале преглед. Собирањата по повод предновогодишните и новогодишните прослави го даваат резултатот, вели Гагачовска.
Сепак вакцинираните имаат полесна клиничка слика
- Забележителен е фактот дека вакцинираните лица полесно и со минимална симптоматологија ја поминуваат инфекцијата и најголем дел се лекуваат амбулантски, во домашни услови. Хоспитализираните се околу 90% невакцинирани, додека вакцинираните кои се хоспитализирани се со коморбитидети. Апелираме сите оние кои имаат позитивен брз тест направен од аптека кој не влегува во системот, додека го потврдат резултатот со ПЦР тест да ги почитуваат мерките за самоизолација со цел да се намали трансмисијата на вирусот и доколку имаат потреба од специјалистичка лекарска помош да се јават на преглед во Ковид центарот, додадав Гагачовска.