2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пратеничката Бисера Стојчевска министер за култура?!

Јануари 08, 2022

Првиот филтер кабинетот на Димитар Ковачевски ќе го има најверојатни утревечер на координација на Бихаќка – мандатарот пред состанокот на ЦО – утре планираниот нов тим ќе го презентира пред потпретседателите и секретарите. 

Од нив, според информациите на ТВ24 од висок партиски функционер на СДСМ, е извесно и пресечено дека како што веќе објави ТВ24, на Илинденска остануваат Фатмир Битиќи  како вицепремиер за економски прашања, Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции, а министерската фотелја во култура Ковачевски ја планира за новата потпретседателка Бисера Костадиновска Стојчевска, пишува 24 вести. 

Според информациите од истиот функционер, најверојатно во МВР, поради специфичноста на секторот останува Оливер Спасовски, а својата позиција се очекува да ја задржи и Благој Бочварски во транспорт и врски, како и Горан Милевски во локална самоуправа. 

Правда, одбрана, труд и социјална политика Ковачевски најавува изненадувања, какви не открива. Во земјоделство не се исклучува да се врати Љупчо Николовски.

Во составот се најавува 40% жени, но не се откриваат адутите на Ковачевски. Откако стана јасно дека Лукаревска останува во УЈП, а за НСДП е неприфатливо да трампа пратеник за Соња Мираковска да биде министерка.

Мандатарот за ТВ 24 не открива имиња, само најавува дека финалните консултации се во тек.

„Во тек се интензивни консултации и координации со претставници на сите коалициски партии во рамки на парламентарното мнозинство и во самите партии. Разговараме за квалитетна и остварлива владина програма, во која ќе бидат вградени политиките на Владата. Нема да зборувам за имиња во овој момент, додека траат консултациите. Она што секогаш го истакнувам е принципот по кој ќе се раководам при избор на министрите, но и соработниците во целост. Тоа ќе бидат луѓе со докажан личен капацитет и знаење да одговорат на задачите и да го подигнат нивото на работа и ефикасност на владиниот тим“ вели Ковачевски.

Според планот, в понеделник предлогот на Ковачевски ќе добие зелено светло и од Централниот одбор, додека пак предлогот во вторник ќе влезе во Собрание.

Следниот виденд ќе се гласа. Ковачевски како премиер во вторник веќе ќе ја има првата средба со бугарскиот колега Кирил Петков. 

И додега Ковачевски до последен момент се мисли, во ДУИ е чиста работата - остануваат истите министри, новина е тоа што од администрација во образование се сели Јетон Шаќири. Токму ова го потврдиле лидерите на СДСМ, Ковачевски и на ДУИ, Ахмети на состанокот во вторникот. 

Од Алтернатива Беким Сали, Адмирим Алити и Џемаил Чупи чекаат само да бидат избрани.https://24.mk/details/novata-vlada-pred-finish-koj-kje-sedne-na-ilindenska-br-2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани