АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот кризен штаб одржа итен состанок по синоќешните земјотреси во Битола и донесе заклучок итно да се формира Комисија за проценка на штети.
„На денешната седница на Советот на Општина Битола, ќе предложиме точка на дневен ред: формирање на комисија за проценка на штетите во однос на синоќешниот земјотрес, составена од стручни служби од Општина Битола, потпомогнати од ИЗИС за што стапивме во контакт со директорот Владимир Шешов, кои ќе бидат наши помагачи и дел од комисијата доколку има поголеми штети на терен. Заклучено е итно формирање на комисијата која ќе излезе на терен. Испраќам и апел до граѓаните, сите штети кои ги имаат да ги пријават до општината, на контактите кои дополнително ќе бидат објавени“, рече Коњановски.
Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, информираше дека ќе биде побарана и помош од Влада.
„Ќе доставиме до Владата на Република Македонија барање за одржување на итна седница, на која ќе се разгледа состојбата во Битола и на која ќе побараме и самата Влада да излезе во пресрет на она што и се случи на Битола. Колкави се штетите не знаеме сеуште. Но, во Битола имаме големи институции: болници, градинки, суд, објекти кои се под заштита и сметам дека и таму ќе треба да се предвидат големи финансиски средства, бидејќи нивната реконструкција ќе чини повеќе, бидејќи дел од нив се стари градби. Затоа сметаме дека треба да побараме ваква седница, каде државата ќе излезе во пресрет за нашиот град, бидејќи сметаме дека Битола, мора во најкус можен рок да ги санира штетите кои и се случија минатата ноќ“, изјави Илиевска.