2win800x200

(Фото) Со промотивнo скијање денес и вечер започнува ски сезоната во Ниже Поле

Јануари 12, 2022

Традиционално со промотивно денско и ноќно скијање денес започнува ски сезоната во Ски- центарот „Нижеполе“ на Пелистер. Снег има доволно, ски терените се подготвени, ски лифтовите во фукнција и екипирани се редарските служби. Скијачи на терените има уште од утрово. Патот со центарот е исчистен, а ЈП „Стрежево“ со своја механизација ги исчисти и паркинзите.

„„Терените се подготвени, , двата ски лифта се во функција. На време беа направени технички прегледи и добиени дозволи за нивна работа. Сменети беа двете влечни јажиња. Денес започнуваме со денско и ноќно промотивно скијање, а ќе има и други вечерни скијања за што постои интерес кај посетителите“, изјави директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски.

Ски-центарот работи согласно донесените протоколи за заштита од ковид-19.

„Се запазуваат пропишаните протоколи, имаме редарска служба, се работи на два шалтери. Само упатуваме апел со посетителите и тие да се придржуваат кон пропишаните протоколи и да држат дистанца“, рече Граматковски.270030527 611318126837199 5378109799181293058 n

269852536 1077718922775810 3287578885206999320 n

269853363 645297686614624 995163185263200525 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани