2win800x200

Браната "Стрежево" стабилна после земјотресите

Јануари 12, 2022

На браната "Стрежево" извршена е теренска проспекција со придружните објекти и терените околу акумулацијата, во однос на евентуални оштетувања, кои би се јавиле како последица на земјотресот, кој се почуствува во Битола.

Од теренскиот увид констатирано е дека не се забележани видливи промени на телото на браната, како и на придружните објекти: зафатна кула, водостанска кула, шахтен прелив, инјекциона галерија, бучница и прибрански хидроцентрали.
 
Браната "Стрежево" сеизмички е инструментирана со 5 акцелерографи кои ги оскултира Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје.
Засилено мониторирање на браната со придружните објекти ќе продолжи и во следниот период, со цел детектирање на аномалии настанати после земјотресот и подоцнежните афтершокови.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани