Двајца министри од Битола значи импулс за забрзан развој на градот, смета министерот Милевски

Јануари 12, 2022

Позитивни се оценките на досегашниот и актуелен министер за локална самоуправа Горан Милевски што битолчанка застанува на челната позиција на министерството за култура во новата Влада на мандатарот Димитар Ковачевски.  

-Долго време Битола немала двајца министри, еве сега од земјотресот се оштетени објекти од старото градско јадро и ќе треба поддршка од Министерството за култура и тоа ќе значи уште еден импулс, бидејќи новата министерка  Бисера Стојчевска е од Битола. Битола има многу проблеми - инвестициски, со Законот за старо градско јадро, бидејќи цел град е заштитен и досега не се смогнаа сили да се направи ревизија на тој закон, да се откочи инвестицискиот развој. Тоа е една од позначајните активности кои што следуваат во Битола од областа на културата, рече министерот Горан Милевски.

Во однос на локалната самоуправа, Милевски веќе разговарал со  градоначалникот Тони Коњановски кои проекти Министерството за локална самоуправа ќе ги финансира во Битола. 

-Дискутираме за жичарата на Пелистер, за патот Трново-Магарево, реконструкција на Калето, проекти за изградба на нови мостови на реката Драгор, и се што им е неопходно на општината во рамките на нашиот буџет, да ги ставиме приоритетите за следната година. Како министри ќе инсистираме автопатот Битола-Прилеп да се започне со реконструкција меѓу првите, ќе се прават неколку делници во Западна Македонија, сепак да ги имаме  оваа година почетните активности. Разговараме за нов пат кон Меџитлија. Општината  е отворена и за сите наши иницијативи нема да има блокада во следниот период, бидејќи често пати си страдаме од самите себеси, се блокираме. Кој да не направи нешто, за да не земе 'кредити' или 'заслуги'. Тоа е надминато, ќе можеме сега да функционираме. Во овој период ги направивме законските можности, бидејќи имаше и законски пречки. Директно да инвестираме и како министерство, во Владата има поголем дослух за овој регион, така да мислам дека со новата влада во следниот период ќе направиме многу добри проекти за Битола, најави Милевски.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани