АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Неколку болнички соби кои беа оштетени од земјотресот се затворени од безбедносни причини, но зградата е стабилна и функционирањето во неа не е доведено во опасност, потврдува за Апла.мк, д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничка болница Битола.
-Во ЈЗУ Клиничка болница Битола евидентирани се посериозни оштетувања по серијата земјотреси во Битола. Во интерес на безбедноста на пациентите и персоналот донесена беше одлука да се затворат дел од капацитетите во одделението за Неврологија и дел од машкиот дел во Одделението за интерни болести односно да се затворат оштетените болнички соби. Превентивно оваа седмица беше откажан елективниот хируршки програм. Во вторникот се обративме до ИЗИИС и веќе вчера на увид за состојбата беше екипа од ИЗИИС и комисијата од Општината. Зградата е стабилна и функционирањето во неа не е доведено во опасност, изјави д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничка болница Битола.