Поскапува такси превозот во Битола, за 3 километри ќе се плаќа 110 денари, стартот 60 ден

Јануари 25, 2022

Советот на Општина Битола на следната седница ќе ја поскапи  тарифата за такси превозот, со која што според доставените материјални, 60 денари ќе чини  старт со вклучен 1 километар, а за секој нареден километар 25 денари. Чекање во траење од 1 час ќе чини 300 денари. Иако во дневниот ред не се наведува дека се менува тарифата, сепак станува збор за поскапување ако се знае дека сега старт чини 30 денари, а секој следен километар е 20 денари.

За растојание од 3 километри колку што е од Јавор до горно Веро ќе чини 110 денари

Последен пат цената на такси превозот во Битола беше покачена во јуни 2019 година, на барање  на такси превозниците, кога имаше корекција за 10 денари во тарифата, односно за старт од 20 се покачи на 30 денари, додека иако превозниците бараа покачување и на секој следен километар од 20 на 23 денари, Советот не изгласа таква одлука.

 За ваквата одлука дел од советниците на тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано, а пак советничката група Поинаку воопшто не гласаше на одлуката. 

12

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани