Советникот од Левица Гаврил Трајковски на својот Фејсбук профил во понеделник јавно реагира дека не биле поканети како советници и коалација на закажаната седница на комисијата за туризам. Па отворено прашува дали се коалиција или не се, посочувајќи на заедништвото со Поинаку и ВМРО ДПМНЕ. При тоа прашувајќи дали „ ДПМНЕ и Поинаку полека почнуваат да го узурпираат советот и да го сметаат за нивна сопственост“. Она што е симптоматично е што Левица, владеачната партија во Битола ја именува само како ДПМНЕ.
Коментарот на советникот Гаврил Трајковски од Левица ви го пренесуваме во прилог.
Советот на Општина Битола требаше да биди транспарентен, со инклузивност на граѓаните. Но денес видовме нешто спротивно, иако не добивме место како ЛЕВИЦА во комисијата за туризам, како советници не бевме известени дека истата се одржува денес.
Само одреден број на гости биле известени да присуствуваат на комисијата, но не и советници кои се избрани токму од граѓаните на Општина Битола, верификувани од советот и имаат право да присуствуваат на секоја комисија.
Да нема забуни околу комисијата бидејќи по коментари од колегите читам како тоа сите биле членови на комисијата кои денес присуствувале, полноправен член по Статут и Деловник за работа на Совет на Општина Битола се советниците. И комисијата треба да брои 5 члена со право на глас.
Сите останати се сметаат за присутни(гости) на комисијата и немаат право на глас.
Дали ДПМНЕ и Поинаку полека почнуваат да го узурпираат советот и да го сметаат за нивна сопственост? Ова е вашата ПОИНАКВА работа во советот?
На крај Трајковски ставил хаштаг -Транспарентност- Коалиција или не