АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нашата главна цел како министерство е секоја една педа обработлива земја да ја ставиме во функција за производство на храна, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во Дневникот на Македонската радио телевизија.
Оваа цел, додаде министерот Николовски, произлегува од донесениот Национален план за производство на храна што министерството уште минатата година го подготви и донесе. Токму во таа насока се и предложените измени во законот за земјодлеско земјиште, преку кои за прв пат се пропишуваат јасни одредби кои имаат за цел заштита на земјоделското земјиште
Денес почна исплатата кон сточарите за предаденото млеко со што се заокружува исплатата на субвенции за произведено и предадено млеко во 2017 година, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.