Webp.net gifmaker

„Пет минути бев дете“, вели Бисера Костадиновска- Стојчевска која заигра ластик на улица за време на денешната хуманитарна посета во битолската населба Баир. Потсетувајќи се на вештините од детството, таа денес уживаше вклучувајќи се во една од најпопуларните друштвени игри од нејзиното детство. Умешно изведувајќи скокови додека ластикото другите го чуваа на висина до колена, таа предизвика изненадување нај насобраната толпа.

Инаку, Бисера Костадиновска-Стојчевска, кандидат за пратеник на Коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица денес беше во посета на здруженија на жени Ромки од Битола.

Таа на својот фејсбук профил напиша:

„Храбри, искрени, борбени и незапирливи..Такви жени се потребни за ова општество, а јас имав чест денес да ги сретнам и да слушнам што е тоа што им треба! Станав дел од нивната борба и не застануваме дури не ја оствариме целта!“bisera 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани