АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски беше домаќин на амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, господинот Кшиштоф Гжелчик.
На 15.11.2023 година во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се одржи семинар на д-р Ранко Рајовиќ, автор на НТЦ програмата. Семинарот е наменет за родители и наставници и сите што се вклучени во детскиот раст и развој.
„На овој семинар сите учесници ќе научат и осознаат методи и техники со кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието“, соопштија од Библиотеката.
Д-р Ранко Рајовиќ е автор на НТЦ програмата, специјалист по интерна медицина, магистер по неврофизиологија, доктор на спортски науки, соработник на УНИЦЕФ за рано образование. Тој користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот.
Програмата за учење НТЦ е составена од различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу студии, позитивно влијаат на развојот на мозокот.
На овој семинар сите учесници ќе научат и осознаат методи и техники со кои директно влијаат врз позитивниот развој на децата, преку игри што се лесно применливи во секојдневието. Цената на семинарот е 2500 денари. Пријавата е задолжителна бидејќи бројот на места е ограничен.
Пријавете се со пополнување на формуларот во прилог:
https://docs.google.com/.../1FAIpQLSfqUXwt3izu4F.../viewform
Во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски" Битола денес во просториите на библиотеката се одржа промоција на книгата "Споменар" од авторката Виолета Лазаревска. Воведен збор за настанот имаше Панде Димитровски, а делото го претстави Глигор Стојковски. Говорејќи за оваа книга тој рече дека авторката со своите автобиографски раскази, на читателите им нуди приказни со необични доживувања и неочекувани пресврти, што лесно се восприемаат, пред се, поради користењето едноставна нарација.
Лазаревска пак, осврнувајќи се на своето дело, подвлече дека преку оваа книга сакала да оживее дел од приказните кои долго време ги носела во себе. На крајот, со видна возбуда и со многу емоции, рече: „Особена радост ми причинува што книгата ја промовираме токму во мојата родна Битола".