АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По започнувњето на реконструкцијата на втората делница на ул. Рузвелтова, од страна на жителите и сопствениците на објекти на оваа делница, на 20 април беше испратено Барање за промена на постоечкото јавно зеленило (зимзелени дрвја) со нови, поради видливата дотраеност.
На 22 април, теренски увид на оваа локација извршија градоначалничката Наташа Петровска, директорот на ЈП „Комуналец“ и лицата задолжени за хортикултурно уредување, при што беше констатирано дека веќе постоечките дрвја се стари и оштетени, со плитки корења и претставуваат опасност за околината
Започна реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“, која иако е сместена во срцето на градот, претставуваше горлив проблем, особено во дождливите денови, кога практично по неа не можеше да се помине.
„Улицата ќе биде целосно реконструирана, ќе биде променета канализационата мрежа, на која ќе работат екипите на КЈП „Нискоградба“, па промена на водоводните приклучоци од страна на екипите на ЈКП „Водовод“, како и приватни субјекти за коловоз и улично освсетлување. Ќе се врши замена на надземните водови со подземни бидејќи една од тенденциите е каблите кои ги гледаме во централното градско јадро да бидат сместени под земја. Потоа, следува целосна реконструкција на коловозот и тоа со стари гранитни плочки кои треба да се вклопат во изгледот на старото градско јадро , односно со Широк Сокак. Паралелно со реконструктивните зафати и новото улично осветлување и хортикултурно уредување“, изјави градоначалничката Наташа Петровска.
Вредноста на овој проект изнесува околу 6.000.000 денари.