2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Дрвјата на Рузвелтова се отстранети по барање на граѓаните бидејќи се опасни за околината, ќе бидат засадени нови, информираат од Општина Битола

Мај 06, 2021


По започнувњето на реконструкцијата на втората делница на ул. Рузвелтова, од страна на жителите и сопствениците на објекти на оваа делница, на 20 април беше испратено Барање за промена на постоечкото јавно зеленило (зимзелени дрвја) со нови, поради видливата дотраеност.
На 22 април, теренски увид на оваа локација извршија градоначалничката Наташа Петровска, директорот на ЈП „Комуналец“ и лицата задолжени за хортикултурно уредување, при што беше констатирано дека веќе постоечките дрвја се стари и оштетени, со плитки корења и претставуваат опасност за околината

 Беа консултирани и жителите во улицата, како и сопствениците на објекти, кои посочија дека за време на реконструкцијата е добро да се изврши замена со нови садници. Оваа информација истиот ден беше споделена со јавноста и медиумите на следниот линк.
https://www.bitola.gov.mk/наследената-руина-претворена-во-садн/
Постапувајќи според Законот за урбано зеленило чл. 29 и по стручната анализа, одлучено е дрвјата да се отстранат. Во меѓувреме едно од дрвјата се урна врз постоечките објекти, за среќа без последици. Ова дополнително го потврди мислењето на стручните лица дека постои опасност по граѓаните. Со цел да се избегнат несакани последици, се пристапи  кон отстранување на дрвјата, бидејќи ништо не е поважно од животот на граѓаните.

ЈП „Комуналец“, по завршувањето на целосната реконструкција на ул. „Рузвелтова“, хортикултурно ќе ја уреди оваа пешачка зона. Во однос на дрвјата кои треба да се засадат, според опкружувањето, квалитетот и соодветната околина, одлучено е да бидат засадени дрвја од видот Sorbus aucuparia, кои автентично ќе го збогатат амбиентот на оваа централна пешачка зона во градот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани