АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола доби нов петгодишен план за квалитет на амбиентниот воздух, а со спроведувањето на конкретни мерки и постапки треба да се намали загаденоста и да се подобри состојбата со животната средина.
Времето денеска променливо облачно, попладне со врнежи од дожд претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Попладне во Битола врнежите локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2) и поројни во форма на невреме. Ќе дува засилен јужен ветер (локално со брзина над 70 км/час), стои во предупредувањето на Уравата за хидрометеоролошки работи.
Во Битола температурите ќе се движат од 7 до 14 степени.
Не работат двете мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот во Битола кои се во наделжност на Министерството за животна средина. Од граѓанската платформа „Земи здив“ реагираат дека мерната станица Битола 1 (се наоѓа на излезот на Битола кон Новаци) од вчера од 18 часот престана да ги прикажува вредностите на измерените ПМ 10 честички. Другата мерна станица Битола 2 која се наоѓа во центарот на градот не мери суспендирани честичики веќе три месеци.
Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во март биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен. Но, загрижуваат податоците за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од Платформата „Земи здив“.