Корисниците на водни услуги на ЈКП „Водовод“- Битола кои имаат заостанат долг за вода и тоа; по основ на тужени, редовни сметки и фактури за сите физички и правни лица / во периодот од 08.05. 2023 година до 26.05.2023 година, им се дава можност да го платaт заостанатиот долг. Доколку должниците не се јават во наведениот временски период ќе бидиме приморани постоечките тужби да ги доставиме до надлежните извршители, а исто така за заостанатите неплатени сметки и фактури ќе се изготвуваат нови тужби, согласно позитивните законски прописи.

Со почит, 

ЈКП Водовод

08.05.2023

 

ЈКП Водовод ги известува своите корисници дека во текот на утрешниот ден (12.08.2021) ќе има прекин во водоснбдувањето на ул. Васко Карангелевски и дел од ул. Игнат Атанасовски.

Екипите на ЈКП Водовод ќе работат непрекинато за побрзо санирање на дефектот, соопштија од претпријатието. 

ЈКП Водовод Битола се приклучува кон одбележувањето на светскиот ден на водата. Денеска 22 Март 2021 година е Светскиот ден на водата кој оваа година се одбележува под мотото ,,Вредностите на водата“.Организацијата на обединетите нации (ООН), го покрена одбележувањето на Светскиот ден на водата пред 30 години, под овогодинешното мото со централна кампања се залага да се охрабрат луѓето да дадат свое мислење за значењето на водата за рационално користење на истата. Водата значи живот, водата е најзачајниот елемент на здравјето, водата е присутна во секој сегмент од животот. Денес водата е под екстремна закана од се поголемиот број на население на светско ниво, влијанието на стопанството и индустриските капацитети, како и влијанието на климатските промени.

ЈКП Водовод Битола по повод Светскиот ден на водата апелира до сите граѓани рационално и одговорно да ги користат природните водни ресурси, како главен извор на нашето здравје, со што директно ќе се приклучиме кон вреднувањето на водата на светско ниво во услови на пандемија со вирусот COVID 19.

Водата треба сите правилно да ја вреднуваме и да ја чуваме за сите и за генерациите кои доаѓаат.

Полноводие во водотеците на Пелистер, Лак Поток и Црвена Река од кои Јавното претпријатие „Водовод“ црпи вода, соопштија надлежните. Водата надојде со обилните дождови кои врнат деновиве и засега позитивно влијае во однос на сушниот период од претходно.

Страница 1 од 7

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани