2win800x200

Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата доби како донација детскиот оддел на Клиничката болница д-р „Трифун Пановски“-Битола  од фирмата „Жито Лукс“.

 

Враќање на маалските полицајци, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при неговата посета на општина Битола, каде се сретна  со градоначалничката Наташа Петровска. Истот така, министерот оствари средба и со началникот на СВР Битол и неговите соработници. 

Камерниот оркестар на Битола најавува уште еден спектакуларен настан со наслов "Broadway во Битола", кој ќе се одржи на 22 април.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата Битола е нормализиран за сообраќај.

– На делот на свлечиштето ќе се изведуват градежни работи, за таа цел ќе биде затворена едната лента во должина од 200 метри. Поради тоа сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента за што е поставена содветна светлосна сигнализација (семафори) која ќе го регулира сообраќајот, соопшти ЈП „Македонија пат“.

 

Полицијата го утврди идентитетот на разбојникот кој вчеравечер прво извршил разбојништво и кражба во колонијална продавница во Битола, а подоцна во престрелка со припадници на полицијата бил ранет и пренесен во Клиничка болница-Битола на лекување.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани