2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Враќање на маалските полицајци најави министерот за внатрешни работи, Спасовски, при денешната посета на Битола

Април 19, 2018

 

Враќање на маалските полицајци, најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при неговата посета на општина Битола, каде се сретна  со градоначалничката Наташа Петровска. Истот така, министерот оствари средба и со началникот на СВР Битол и неговите соработници. 

 

-Дел од стратегијата на  МВР е кога ги посетуваме полициските станици да разговараме и со локалната самоуправа и заеднички да ја вратиме врската меѓу граѓанинот и полицијата. Денеска разговаравме за неколку теми. Едната е давањето насоки за воспоставување на позорната служба односно маалскиот полицаец на подрачјето на СВР Битола. На средбата со градоначалникот на Општина Битола Наташа Петровска, се согласивме дека маалскиот полицаец е најдобар партнер со граѓаните и дека на тој начин ќе ја зголемиме безбедноста на граѓаните. Втората е активирање на советите за превенција со конкретен акционен план за посета на сите месни заедници во општините заедно со припадници на МВР, да се разговара за проблемите на граѓаните и на тој начин да придонесеме за враќање на довербата во полицијата кај граѓаните- рече министерот Спасовски.

svr

 Министерот Спасовски потенцираше дека еден од приоритетите кој ќе се реализира во соработка со локалната самоуправа е средување на состојбите во сообраќајот во градовите. Тој денеска, покрај Битола,  ги посети Прилеп и Ресен, каде се сретна со градоначалниците на овие општини.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани