2win800x200

Редовната 159-та седница на Владата се одржа во Битола, како прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различните региони во државата. На седницата присуствуваа, и во нејзината работа учествуваа и градоначалниците од пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар, а министрите во Владата реферираа за активностите на секој од ресорите во пелагонискиот регион, особено во делот на патната и комуналната инфраструктура, како и за напредокот во изградбата на примарниот гасовод на потегот Неготино-Прилеп-Битола.

Македонската Влада се „сели“ во Општина Битола. Премиерот Зоран Заев утре во зградата на Општината во Битола ќе претседава со редовната 159-та седница.

Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3) од Законот за шумите се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа забрана не важи за вработените во ЈП “Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата и сл).

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Исто така, се известуваат сите граѓани  дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, согласно член 23 од Законот за ловството и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството. Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП Национални шуми, субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена, споменици на природата и сл) кои вршат дејност заштита, МВР, Шумска Полиција, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, државниот инспекторат за животна средина и други инспекторати со слична надлежност.

Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат со шумите во придружба на преставник од истите.

Денес Владата го усвои предлог законското решение со кој на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови. Министерот за финансии Драган Тевдовски, на прес-конференција во Владата, рече дека секоја општина ќе добие неповратни средства за да покрие 51% од пријавените обврски. Овие средства се предвидени со ребалансот на буџетот.

Натрупаните долгови на општините во областа на образованието, културата и социјалната заштита ќе се враќаат со пари од државната каса. Ваква одлука донесе синоќа Владата на седница на која беше усвоен предлог Ребалансот на Буџетот на РМ за 2018 година. Со ова,  најголема алокација на средства со Ребалансот,  има токму за општините, за кои се обезбедува финансиска поддршка  во висина од 3,020 милијарди денари, односно 50 милиони евра, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани